За време на посетата на Албанија, италијанската премиерка Џорџија Мелони разговараше со домаќинот Еди Рама. Средбата меѓу Мелони и Рама беше обележана и со еден необичен детал.
Рама ја пречека Мелони клекнат на колена
Рама, како и во некои претходни прилики, клекна пред италијанската премиерка, што предизвила смеаа кај Мелони. „Не, Еди“, му рече Мелони со смеа. „Тој го прави тоа за да биде помал од мене“, додаде таа, по што следеше срдечна прегратка
Рама клекна пред Мелони и во јануари оваа година, кога ѝ го честиташе роденденот.
Тие разговараа за миграцијата и Украина
Мелони и Рама разговараа за низа теми, вклучувајќи го и мигрантскиот камп изграден во Ѓадер, во регионот Лежа. Мигрантите од трети земји кои се враќаат од Италија ќе бидат привремено сместени таму, сè додека не им се проверат документите.
Мелони, зборувајќи од Тирана, каде што учествува на состанокот на Европската политичка унија, изјави дека во оваа пригода не го посетила кампот, но дека работата таму напредува брзо, што покажува дека сè е „на вистинскиот пат“.
Кога ја прашааа дали поминала покрај центарот за мигранти, таа одговорила:
„Немав време. Работата продолжува и тоа покажува колку брзо се одвива сè, што потврдува дека, како што ветивме, одиме во вистинската насока“.
Мелони се осврна и на војната во Украина, велејќи дека Европската Унија мора да инсистира на безусловно примирје и сериозен мировен договор што ќе вклучува безбедносни гаранции за Киев.
„Не смееме да бараме алтернативи. Мора да инсистираме на сериозни мировни договори и безусловно примирје, со безбедносни гаранции за Украина. Работиме на тоа“, рече Мелони.