ПРВ.мк

Нова заплена на кокаин во Солун: Над 80 килограми запленети во контејнери со банани од Еквадор

Нова заплена на кокаин во Солун: Над 80 килограми запленети во контејнери со банани од Еквадор
Jumbo Banner

Солун: Во контејнери со банани од Еквадор откриени над 80 килограми кокаин 

Грчките царински власти повторно открија голема пратка кокаин скриена во товар со банани, откако на пристаништето во Солун беа запленети 81 килограм од оваа дрога, проценета на околу 2,25 милиони евра.

Според соопштението на Независната управа за јавни приходи на Грција (ААДЕ), при рутинска инспекција со рендген-апарати на контејнери со свежи банани од Еквадор, инспекторите откриле сомнителна органска супстанција скриена во механизмите за ладење на два од нив. Подетална проверка потврдила дека станува збор за кокаин.

Ова е втор ваков случај во Солун за само една недела. На 9 мај, грчката Крајбрежна служба заплени 57,9 килограми кокаин скриен во системот за ладење на ладилник-контејнер со легален товар банани од Еквадор. Вредноста на тогашната заплена се проценува на околу 1,6 милиони евра.

Овие откритија укажуваат на алармантен тренд на организиран шверц на дрога преку прикриен легален товар од Јужна Америка, при што грчките власти истакнуваат дека ќе продолжат со засилени контроли и соработка со меѓународни партнери за сузбивање на ваквиот криминал.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран