ПРВ.мк
Балкан

ПУСТЕЦ ПОД ЛУПА: Македонците ја оспоруваат владината одлука - дали ова ќе им го отежне животот?

ПУСТЕЦ ПОД ЛУПА: Македонците ја оспоруваат владината одлука - дали ова ќе им го отежне животот?
Kristal

Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ) поднесе тужба до Управниот суд во Тирана против одлуката на Владата на Албанија за отворање три центри за мигранти на територијата на општина Пустец, каде живее македонско национално малцинство.

Со тужбата се бара изземање на општина Пустец од државниот план за отворање мигрантски центри, бидејќи одлуката е донесена без консултација со локалната самоуправа, без јавна расправа и без почитување на правата и интересите на локалното население.

Македонското друштво „Илинден“ од Тирана ја изрази целосната поддршка за тужбата на МАЕИ и оцени дека одлуката сериозно го нарушува принципот на локална самоуправа, демократското учество и заштитата на правата на националните малцинства.

Истовремено, се нагласува дека општина Пустец, како средина во која живее македонско национално малцинство, мора да се третира со посебна внимателност и во согласност со меѓународните стандарди за заштита на малцинските права.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo