ПРВ.мк
Балкан

ПРВИ ФОТОГРАФИИ: Силен земјотрес ја погоди Турција – ПАНИКА НА УЛИЦИТЕ, издадено ИТНО предупредување

ПРВИ ФОТОГРАФИИ: Силен земјотрес ја погоди Турција – ПАНИКА НА УЛИЦИТЕ, издадено ИТНО предупредување

Силен земјотрес го погоди регионот Баликешир во западна Турција, а потресите се почувствуваа и во големите градови Истанбул и Измир. Сведоци опишуваат дека земјата силно се тресела неколку секунди, а луѓето во паника излегувале од домовите и трговските центри.

По главниот удар, уследија неколку послаби потреси со јачина од 3,8 и 3,4 степени според Рихтер. Турските власти издадоа итно предупредување до граѓаните да бидат внимателни и да избегнуваат оштетени објекти.

Близината на епицентарот до густо населените градови предизвика страв од можни жртви и поголема материјална штета. Екипи на цивилната заштита се веќе на терен, а граѓаните на социјалните мрежи споделуваат снимки од моментот на земјотресот со пораки дека „се чувствувало како експлозија“.

Escape