ПРВ.мк

Пристигна првиот борбен авион F-16 за Бугарија – еве како изгледа!

Пристигна првиот борбен авион F-16 за Бугарија – еве како изгледа!
Jumbo Banner

Бугарските воздухопловни сили го добија својот прв борбен авион F-16, кој вчера слета во 3. воздухопловна база Граф Игњатиево. Станува збор за двоседот F-16D Блок 70, со ознака „301“, чија официјална примопредавање беше извршена на 31 јануари оваа година.

Според Министерството за одбрана на Бугарија, авионот го напуштил производствениот погон на 31 март, а до Бугарија пристигнал во две фази. Најпрво, од фабриката во Гринвил, Јужна Каролина, прелетал преку Атлантскиот Океан до Шпанија заедно со два авиони наменети за Словачка, а потоа продолжил кон Бугарија.

За време на летот, авионот бил дополнуван со гориво од танкер KC-135 на Националната гарда на Тенеси. До пристигнувањето во Бугарија, леталото носело американски воени ознаки, кои по слетувањето биле заменети со обележја на бугарското воено воздухопловство. Истовремено, започнати се стандардните царински и даночни процедури.

Ова е првиот од неколкуте авиони F-16 што Бугарија ги купи како дел од модернизацијата на својата авијација, со цел да ги замени старите советски авиони МиГ-29.

ELS
Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран