Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ја посети групата повредени во пожарот што се случи во Кочани.
„За нас, трагедијата во Кочани е како да се случила тука. Верувам дека ќе успееме да им помогнеме на овие луѓе кои пристигнаа со сериозни повреди. На располагање им стоиме на нашите браќа и пријатели Македонци и сме подготвени да примиме повеќе пациенти, бидејќи имаме најсовремени опремени болници“, изјави Вучиќ.
„Нема да им биде лесно на македонскиот народ, но ние секогаш ќе бидеме со нив, како што тие беа со нас“, додаде тој.
Претседателот Вучиќ ја изрази својата подготвеност да помогне во оваа трагична ситуација и да им обезбеди поддршка на повредените.