Припадниците на српското Министерство за внатрешни работи во Крушевац уапсија две лица, Д.А. (1983) и М.Ж. (1986), поради постоење основи на сомнение дека извршиле кривично дело изнуда во соизвршителство.
Според сомнежите на полицијата, осомничените во текот на изминатата година му позајмиле на оштетениот паричен износ од 40.000 евра, при што му утврдиле и месечна камата. И покрај тоа што оштетениот целосно го вратил главниот долг, тие со примена на сила и сериозни закани по неговиот живот и тело продолжиле да бараат исплата на дополнителни 77.000 евра на име наводно нагорување на долгот.
По ефикасната оперативно-техничка работа, полицијата ги лишила од слобода осомничените изнудувачи, против кои ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство.






