ПРВ.мк
Балкан

Последното ветување – Дарко Лазиќ откри што му побарал брат му пред смртта!

Последното ветување – Дарко Лазиќ откри што му побарал брат му пред смртта!
Kristal

Фолк-пејачот Дарко Лазиќ минува низ еден од најтешките периоди во својот живот, откако се соочи со огромна семејна трагедија – загубата на својот брат Драган.

По погребот, пејачот повторно се прости од него преку емотивна објава, откривајќи детали од нивниот последен разговор. Непосредно пред патувањето на Малдивите, двајцата планирале да снимат неколку песни во студио, што го потврдил и хармоникашот Борко Радивојевиќ.

„Брат ми ме замоли да му напишам песна два дена пред да заминам, да ја испее… Ветив, но не знаев дека ќе ја напишам за него. Нека го чува Бог на подобро место“, напиша Лазиќ на социјалните мрежи.

Драган трагично го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа на 11 март, на пат кон Шабац, кога управувал мотоцикл и се судрил со патничко возило.

Сцените од погребот беа потресни – Лазиќ неутешно го испраќаше својот брат, постојано допирајќи го ковчегот и упатувајќи му последни зборови исполнети со болка и неверување.

„Не го заслужи ова, брате… Како ќе живеам без тебе? Не стигнав да ти кажам сè…“, биле дел од неговите зборови, кои ја потресоа јавноста.

Трагедијата остави длабока рана кај пејачот, кој сега се обидува да најде сила да продолжи понатаму, носејќи ја болката од загубата.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo