ПРВ.мк

Полицијата во Белград на нозе: Се бара лице кое на Инстаграм објавило слика од Калашников и порака за денешниот протест (ФОТО)

Полицијата во Белград на нозе: Се бара лице кое на Инстаграм објавило слика од Калашников и порака за денешниот протест (ФОТО)
VERO Banner

Поради објава на фотографија на социјалната мрежа „Instagram“ која прикажува автоматска пушка и муниција, со пораката „подготовки за утре“, Високото јавно обвинителство во Белград – Специјализирано одделение за борба против високотехнолошки криминал издаде наредба до полицијата да го идентификува лице кое ја објавило оваа слика.

Главниот јавен обвинител ВЈО во Белград, Ненад Стефановиќ, прецизираше дека наредбата е дадена со цел процесуирање на лицето заради постоење на основи на сомневање дека извршило кривични дела Напад на уставно уредување од член 308. и Повик на насилна промена на уставното уредување од член 309. на Кривичниот законик.

Стефановиќ напомена дека ВЈО внимателно ја следи ситуацијата во главниот град пред денешниот протест и повтори апел до сите граѓани да го искористат своето право на мирно собирање согласно Уставот и законите.

Понатаму, тој уште еднаш истакна дека насилство нема да биде толерирано и дека сите кои ќе се послужат со насилство ќе бидат процесуирани согласно со законите, било да се работи за напади на учесниците на мирните протести, било пак за насилство кон други лица, припадници на полицијата или претставници на државни органи.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран