Денес, во 16 часот, на плоштадот Никола Пашиќ во Белград е закажан голем протест под името „15. за 15“. Долга колона граѓани веќе го пополнила просторот пред Уставниот суд на булеварот Крал Александар, од каде ќе продолжат кон платото пред Домот на Народното собрание.
Во центарот на градот се слушаат гласни повици „Пумпај, пумпај“, а голем број на луѓе се собрани и на плоштадот Република, Славија и на околните улици.
Според мапата која беше објавена на Инстаграм од страна на студентите во блокада, просторот каде ќе се одржи денешниот протест е проширен. Главната сцена ќе биде поставена на Славијата, додека на платото пред Собранието, каде што е централниот дел на протестот, ќе биде поставена видео сцена.