ПРВ.мк
Балкан

ПО ПРЕСУДАТА ЗА ТАЧИ РАСТАТ ТЕНЗИИТЕ: Постои ли опасност од ескалација?

ПО ПРЕСУДАТА ЗА ТАЧИ РАСТАТ ТЕНЗИИТЕ: Постои ли опасност од ескалација?

Ниту во Приштина ниту во Белград пресудата на Специјализираните совети на Косово во Хаг не помина без силни реакции, а по нејзиното изрекување повторно се отвори прашањето дали може да дојде до дополнително зголемување на тензиите.

Судот на 16 септември ги прогласи Хашим Тачи, Кадри Весели, Реџеп Сељими и Јакуп Красниќи за виновни за воени злосторства. Станува збор за првостепена пресуда. Според официјалното соопштение на судот, четворицата се прогласени за кривично одговорни за незаконско и произволно притворање, сурово постапување, тортура и убиства.

Реакциите на пресудата се различни. Српскиот претседател Александар Вучиќ оцени дека со неа не се опфатени дел од злосторствата за кои Белград со години бара одговорност и повика пресудата да не се дочекува со еуфорија, туку да се почека понатамошниот тек на постапката.

Во анализата за можните безбедносни последици, професорот Злате Димовски оценува дека досегашните реакции и немири имаат пред сè силна емотивна компонента и дека во овој момент не може да се заклучи дека постои доволно организирана енергија за поширока ескалација.

Сепак, според него, безбедносните и разузнавачките служби треба внимателно да ја следат ситуацијата, особено поради можноста поединци или радикализирани групи да искористат инцидент како повод за дополнителни тензии.

Самиот судски процес траеше повеќе од три години – започна во април 2023 година, доказната постапка беше затворена во декември 2025, а завршните зборови беа одржани во февруари годинава.