Нов инцидент со грчки војници насочен против Македонија и Турција се случил на денот на независноста на Грција на 25 Март.
Како што јавуваат турски извори во вознемирувачко скандирање на припадници на грчката воена единица на Денот на независноста на Грција – овој пат од грчката армија се извикувале пораки за Турција и Македонија.
Во една од пораките се скандирало „ГРЦИЈА-ГРЦИЈА-ГРЦИЈА“ во втората
„Кипар е грчки, а Македонија е грчка“ а во третата се извикувало
„Е** ја Турција“
Ова не е прв пат грчки војници да упатуваат навредливи пораки кон своите соседи.
Веќе со децении за време на воената парада во чест на денот на независноста пред странските амбасадори се скандираа заканувачки и навредливи пораки за Македонците за што понекогаш дел од војниците се казнуваат.
,,Грција мора да ги почитува суверените права и на кипарските Турци и на Македонците.
Фашизмот не е патриотизам”, пишува објавата на турскиот извор на видеото во кое се гледа како грчки војници упатуваат навредливи слогани кон Турците и Македонците.
Засега нема најават дека грчките власти покренале истрага или казнена процедура против грчките војници за навредливите слогани кон своите сојузници во НАТО кои се упатени пред 4 дена.