Сериозен инцидент е пријавен во белградската населба Дедиње, каде што, според првичните информации, била фрлена бомба врз куќата на познатиот пејач Здравко Чолиќ.
На местото на настанот веднаш пристигнале полициски екипи, а увидот го вршат припадници на полицијата заедно со дежурен обвинител од Вишото јавно обвинителство во Белград. Подрачјето околу објектот е обезбедено, а се преземаат сите неопходни истражни дејствија за утврдување на околностите под кои дошло до инцидентот.
Засега нема официјални информации за повредени лица, ниту за причинетата материјална штета. Надлежните органи работат на прибирање докази и на идентификација на евентуалните сторители.
Повеќе детали се очекуваат по завршување на увидот и по официјалното соопштение од институциите.

















