ПРВ.мк
Балкан

ЕУ ПРИТИСНА ПА ЗАКОЧИ: Биометрискиот систем за влез и излез одложен - еве до кога!

ЕУ ПРИТИСНА ПА ЗАКОЧИ: Биометрискиот систем за влез и излез одложен - еве до кога!
Kristal

Целосната примена на новиот биометриски систем за влез и излез во Европската Унија е официјално одложена до септември 2026 година, поради сериозни стравувања дека неговото воведување во екот на летната туристичка сезона може да предизвика целосен хаос на граничните премини низ ЕУ.

Иако системот веќе започна постепено да се применува на одредени локации, токму таа фаза откри сериозни слабости. На повеќе аеродроми беа регистрирани долги редици и доцнења кои достигнуваа и до три часа, што предизвика незадоволство кај патниците и притисок врз граничните служби.

Биометрискиот систем моментално се користи на дел од аеродромите и пристаништата, каде патниците од земји надвор од Европската Унија се обврзани да ги регистрираат своите биометриски податоци, вклучувајќи отпечатоци од прсти и податоци за лицето. Наместо побрз и поефикасен премин, во пракса тоа доведе до забавување на контролите и дополнителни административни проблеми.

Поради сериозноста на ситуацијата, некои аеродроми беа принудени да преземат итни мерки. Како пример се посочува аеродромот во Лисабон, каде системот бил привремено суспендиран откако граничните контроли се соочиле со значителни технички и организациски потешкотии.

Од Европската комисија соопштија дека одлуката за одложување има за цел да им обезбеди поголема флексибилност на земјите-членки во процесот на собирање и обработка на биометриските податоци, како и дополнително време за техничка подготовка и обука на персоналот.

Во периодот што следува, патниците можат да очекуваат дека на границите и понатаму ќе се применува досегашната пракса, односно традиционалното печатење на пасошите при влез и излез од Европската Унија, сè додека системот не биде целосно подготвен за непречена и безбедна примена.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape