ПРВ.мк

Над 920.000 Албанци добиле дозвола за престој во ЕУ

Над 920.000 Албанци добиле дозвола за престој во ЕУ
Jumbo Banner

Стапката на иселување на албанските граѓани во земјите на Европската унија бележи забрзан пораст, покажуваат најновите податоци на европската статистичка агенција Евростат. Минатата година, дури 79.200 албански државјани добиле дозвола за престој по првпат во некоја од земјите членки на ЕУ, што претставува пораст од 4.200 дозволи споредено со 2022 година, кога биле издадени 75.000.

Ова е највисоката бројка од 2010 година досега, што според албанските медиуми, е резултат на засилената миграција по пандемијата со Ковид-19. Вкупно, во 2022 и 2023 година, 154.000 албански граѓани добиле дозвола за престој, најчесто врз основа на договори за работа, особено во Германија, каде административните процедури за добивање дозвола биле значително олеснети.

Од 2008 година, кога Евростат почна да ги следи овие податоци, вкупно 920.000 албански државјани добиле дозвола за престој во ЕУ. Традиционално, Грција и Италија се најчестите дестинации за албанските мигранти, но последните години се бележи значителен раст на миграцијата кон Германија и Велика Британија.

Паралелно со иселувањето, расте и бројот на граѓани кои се откажуваат од албанското државјанство. Според Министерството за внатрешни работи на Албанија, во 2023 година 900 лица се откажале од државјанство, што е за 6 отсто повеќе во однос на 2022 година. Во последната деценија, таа бројка достигнува 6.500, додека податоците на Евростат укажуваат дека во последните дваесет години дури 521.000 албански граѓани ја напуштиле татковината.

ELS

Иселувањето, според експертите, станува сериозен социоекономски предизвик за Албанија, особено во контекст на намалувањето на работната сила и демографските промени.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран