Раните се стабилни, но најголем проблем претставува вдишувањето на гасови во белите дробови, изјави Силви Кирилов, министер за здравство на соседна Бугарија.
„Има деца и возрасни на механичка вентилација. Сите се третирани согласно протоколите. Раните се стабилни, но најголемото оптоварување е вдишувањето на гасови во белите дробови. Останатите пациенти дишат самостојно, а двајца се веќе екстубирани и не се на апаратна вентилација. Можеме да кажеме дека се во добро општо здравје. Оние кои се на апаратна вентилација се во стабилна, но сериозна состојба“, рече министерот за здравство доц. д-р Силви Кирилов, говорејќи за повредените во трагедијата во дискотеката во Кочани, кои се лекуваат во болниците во Бугарија. Во земјата се лекуваат 15 лица, од кои двајца се над 30 години, а пет се малолетни.
„Прерано е да се зборува за отпуштање на пациентите, бидејќи има отворени рани кои се третираат и има веројатност да има потреба од пластични реконструкции. Исто така, има оштетувања на белите дробови, па е рано да се каже што и кога ќе се случи. Нè чека долг пат“, изјави министерот Кирилов.