ПРВ.мк

Масовна поддршка за Имамоглу: 15 милиони гласачи на симболични избори по неговото апсење

Масовна поддршка за Имамоглу: 15 милиони гласачи на симболични избори по неговото апсење
Jumbo Banner

Околу 15 милиони турски граѓани учествуваа на симболичните внатрешни избори организирани од опозициската Републиканска народна партија (ЦХП), изразувајќи поддршка за градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, кој беше уапсен и префрлен во затвор.

Според градската управа на Истанбул, 13,2 милиони гласови биле дадени во знак на солидарност со Имамоглу, кој денеска требаше да биде официјално номиниран како кандидат на партијата за претседателските избори во 2028 година.

Имамоглу ја поздрави оваа поддршка од затворот во Силиври, каде што е притворен заедно со неколку соработници. „Оваа влада ќе добие незаборавна шлаканица од нацијата на следните избори“, изјави тој преку своите соработници.

Неговото апсење, кое опозицијата го смета за политички мотивирано, предизвика масовни протести низ Турција. Во девет градови беа приведени неколку стотици демонстранти, а тензиите меѓу владата и опозицијата продолжуваат да растат.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран