ПРВ.мк

Курти: Заедничките гранични точки се повеќе од гранична инфраструктура, тоа се точки на соработка и уште поголемо поврзување на Македонија и Косово

Курти: Заедничките гранични точки се повеќе од гранична инфраструктура, тоа се точки на соработка и уште поголемо поврзување на Македонија и Косово

Создавањето заеднички гранични пунктови Елез Хан-Блаце и Јажинце-Глобочица е повеќе од гранична инфраструктура, тоа се нови точки за услужување и соработка, кои уште повеќе ги поврзуваат Македонија и Косово и натаму го зајакнуваат добрососедството“ – изјави премиерот на Косово Албин Курти на денешното предавање во употреба на едношалтерскиот систем на граничниот премин Елез Хан-Блаце. Ова го објави информативниот портал на албански јазик „Алфакс“.

Порталот натаму пишува: Курти истакна: „Отсега граѓаните ќе бидат проверувани само на влезот во земјата домаќин, а податоците ќе се разменуваат во реално време преку заеднички технолошки систем. Само во 2024 година повеќе од 5 милиони граѓани ги поминале трите гранични точки меѓу Македонија и Косово. Оваа бројка е потврда за поврзаноста меѓу нашите луѓе, но и за потребата за слободно и брзо движење и на граѓаните и на стоката. Не радува тоа што отсега нашите полицајци ќе работат рамо до рамо на исти простори.“

Тој изрази очекување дека оваа иницијатива ќе биде придружена со доизградба на автопатот Скопје-Блаце и тунелот на оската Тетово-Призрен.

Agria