ПРВ.мк

Костадинов: Ќе продолжиме да ѝ помагаме, зошто Македонија е втората бугарска држава на Балканот

Костадинов: Ќе продолжиме да ѝ помагаме, зошто Македонија е втората бугарска држава на Балканот
Vero

Критикувајќи ја за пасивност бугарската дипломатија во однос на проширувањето на Европската унија со Македонија, бугарскиот пратеник и лидер на Преродба, Костадин Костадинов, по кој знае кој пат го опиша западниот сосед како „втора бугарска држава“.

Како што известува бугарскиот портал „Факти“, „тој потсети дека Бугарија му помогнала на македонскиот народ во повеќе од една пригода – за време на енергетски кризи, за време на катастрофи, како што беше трагедијата во Кочани – и секогаш дејствувала со отворено срце“.

„Ќе продолжиме да помагаме затоа што Македонија е втората бугарска држава на Балканот, затоа што луѓето таму се наши браќа – тие го зборуваат нашиот јазик, живеат со нашите традиции, но систематски се подложени на притисок, дискриминација, тепања и судски терор“, порача Костадинов.

„Македонците не се наши непријатели. Нашите непријатели се политичките елити кои градат идентитет врз омраза кон Бугарија. Ние сме членка на Европската унија речиси 20 години, а се однесуваме како ‘помијари’, кои се втерани внатре од милост. Ова едноставно мора да се запре еднаш засекогаш“, заклучи претседателот на ултранационалистичката партија.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран