Пожарникарите од Плитвичките Езера успеаја да спасат семејство со бебе од една и пол година, кое се заглавило во комбе во шумскиот предел Крбавица.
Хрватската противпожарна служба во изминативе денови беше преоптоварена поради силното невреме, со над 1.300 интервенции извршени до петок во 13 часот. Меѓу нив, оваа акција буквално значеше живот за семејството.
Дежурната екипа од тројца пожарникари од ЈВП „Плитвичка Језера“ и еден од ДВД „Плитвичка Језера“ со два пикапа веднаш се упатија кон заглавеното возило. Сепак, снежната покривка, која на одредени места достигнуваше и до 80 сантиметри, им го отежна пристапот, па за пробивање низ шумската патека им беа потребни речиси еден и пол час.
Со помош на механизацијата на локалната служба „Комуналац“ и тракторот на Јован Заклан, пожарникарите успеаа да го извлечат семејството и да го донесат на безбедно. Семејството беше згрижено во студентскиот дом „Кореница“, каде доби топол и сигурен престој.



















