ПРВ.мк

ХАОС ВО САРАЕВО: Пукање со пиштоли и повредени на сите страни!

ХАОС ВО САРАЕВО: Пукање со пиштоли и повредени на сите страни!
Vero

Драматични сцени како од акционен филм се одиграа во прифатен центар близу Сараево, каде што шест нелегални мигранти завршија во болница – петмина со тешки повреди, а двајца се борат за живот!

Инцидентот се случил во ноќта меѓу понеделник и вторник, кога избувнала жестока пресметка меѓу мигранти од Пакистан и Авганистан. Според првичните информации, во судирот било користено огнено оружје, а полицијата морала итно да интервенира.

На самото место се пронајдени шест повредени лица, а сцените биле толку хаотични што биле ангажирани дополнителни полициски тимови за контрола на состојбата и потрага по осомничените.

Според портпаролката на полицијата, Мерсиха Новалиќ, неколку лица веќе се приведени и имаат статус на осомничени, додека истрагата е во тек.

Центарот, кој и претходно бил под лупа поради безбедносни пропусти, сега е во фокусот на јавноста – и се поставуваат прашања за тоа како оружје завршило во рацете на мигранти во строго контролиран објект.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран