ПРВ.мк

Планирате патување во Грција викендов? Ова е информација што мора да ја знаете!

Планирате патување во Грција викендов? Ова е информација што мора да ја знаете!
Vero

Сите што во следните денови планираат патување кон Халкидики треба да имаат предвид дека обиколницата околу Солун ќе биде целосно затворена за сообраќај во двата правци – на потегот од Тријадрија до Пилеа – во периодот од 31 мај до 2 јуни.

За време на затворањето, сообраќајот ќе биде пренасочен низ центарот на Солун, што се очекува да предизвика поголеми гужви. Грчките власти ги советуваат возачите да ја избегнуваат обиколницата и да ги користат градските улици, но со посебно внимание поради можни застои. Патниците се охрабруваат да го следат движењето на сообраќајот во реално време преку платформата www.flyover.imet.gr

Дополнително, грчката влада најави итен план за модернизација на граничниот премин Евзони, еден од најфреквентните премини меѓу Северна Македонија и Грција. Преку него годишно поминуваат околу пет милиони луѓе, а новите мерки се насочени кон намалување на времето на чекање и олеснување на влезот во земјата, особено во летната туристичка сезона.

Во првата фаза се планира зголемување на бројот на службеници на самиот премин, што, според учесниците на состанокот, веднаш треба да придонесе за забрзување на пасошите и царинските проверки. Ова би ги намалило гужвите што често се формираат во текот на летните месеци на влезот во Грција, особено од правец на Србија и Северна Македонија.

Втората фаза опфаќа обемна реконструкција на инфраструктурата на граничниот премин. Предвидено е целосно реновирање на објектот, паркинг просторот и организација на сообраќајот во преодната зона, а завршување на работите се очекува до 2026 година.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран