ПРВ.мк

Хаос и немири во Атина: Уапсени 72 лица, ова се деталите

Хаос и немири во Атина: Уапсени 72 лица, ова се деталите
Jumbo Banner

Немири во атинската населба Егзархија – уапсени 72 лица, повреден полицаец.

Синоќа околу полноќ, во атинската населба Егзархија, избувнаа судири меѓу полицијата и група маскирани лица во близина на локалната полициска станица.

Инцидентот траеше речиси еден час, а предизвика значителна материјална штета, јавуваат грчките медиуми.

Според информациите, немирите започнале кога група непознати лица фрлале молотови коктели и камења кон полициските сили. Полицијата возвратила со шок бомби, обидувајќи се да ја растера толпата.

ELS

Во акцијата се приведени 72 лица, а најмалку еден полицаец е повреден.

Освен тоа, во текот на инцидентот биле запалени неколку автомобили и контејнери, па на терен интервенирале и противпожарните екипи.

Според грчката државна телевизија ЕРТ и весникот „Катимерини“, истрагата за инцидентот е во тек, а полицијата најави засилено присуство во областа во наредните денови.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран