ПРВ.мк

Како сцена со Чарли Чаплин: Српската полиција уапси демонстрант и го стави во автомобил, тој им излезе од другата стрна [ВИДЕО]

Како сцена со Чарли Чаплин: Српската полиција уапси демонстрант и го стави во автомобил, тој им излезе од другата стрна [ВИДЕО]

На социјалните мрежи се појави видео од вчерашниот протест во Нов Белград, каде што жителите протестираа против изградбата на хотел, голем супермаркет и кафуле веднаш до станбена зграда, пренесува „Н1 Србија“.

Според информациите, на протестот интервенирала и полицијата. На снимката се гледа како полицајците приведуваат маж, за кој се претпоставува дека е еден од учесниците на протестот. Меѓутоа, додека полицајците биле зафатени во расправија со насобраните граѓани, истиот маж излегол од полициското возило преку друга врата.

Потоа, истиот човек повторно се обратил кон полицијата додека тие проверувале лична карта на друг учесник на протестот, но полицајците не го препознале.

Погледнете го видеото во продолжение:

Vero
Agria