ПРВ.мк

Грција ги менува правилата: Доколку некој го прекрши овој закон, следи казна и до 10.000 евра

Грција ги менува правилата: Доколку некој го прекрши овој закон, следи казна и до 10.000 евра
Jumbo Banner

Грција започнува сериозна борба против интернет-пиратеријата – казни и за обични корисници

Грчката даночна управа (AADE) го засилува надзорот над онлајн пиратеријата и за првпат таргетира и обични интернет корисници. Според новиот закон 5179/2025, граѓаните што гледаат или преземаат пиратски филмови, серии, музика или спортски содржини – преку торенти или нелегални стриминг платформи – ризикуваат високи парични казни до 10.000 евра.

AADE доби нови овластувања не само да ги санкционира организаторите, туку и крајните корисници. Казните се разликуваат според начинот на користење:

Приватно гледање/преземање: 750 евра по прекршок, 1.500 евра за повторно.

Јавно прикажување (кафулиња, хотели): 1.500 евра, па 3.000 за повторување.

Профит од пиратерија: до 5.000 евра, па 10.000 за повторување.

Автоматска идентификација преку IP адреса

AADE во соработка со други служби, преку IP адресите може да ги идентификува прекршителите и да ги поврзе со нивниот даночен број (AFM), што овозможува директно издавање казни без дополнителни процедури.

„Dynamic blocking“ – брзо блокирање на сајтови

Новиот систем овозможува блокада на пиратски веб-страници во рок од 30 минути. Ако страницата се премести, се активира автоматски процес за повторна блокада. Ова важи за сите интернет провајдери во земјата.

Нови единици за дигитален надзор

Формирани се специјализирани тимови што секојдневно ги следат социјалните мрежи и платформите за содржина. Целта е навремено препознавање и санкционирање на сите форми на онлајн пиратерија.

Ова е дел од национална кампања за заштита на авторски права, а пораката е јасна: дури и едно гледање на пиратски филм дома може скапо да ве чини.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран