Вечерва граѓаните на Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија беа сведоци на ретка и спектакуларна појава на небото. На небото се појави необична светлосна спирала која се вртеше брзо и потоа исчезна.
Овој феномен привлекол големо внимание, а бројни корисници на социјалните мрежи споделиле слики и видеа кои навистина го оставиле без здив.
„Беше вистинска чест да се види ова!“ изјави еден од сведоците, додека друг додаде: „Бев во шок. Не знаев што е тоа. Се вртеше и брзо исчезна“.
Според Business Insider, врз основа на описите и слични појави во минатото, многу е веројатно дека се работи за истекување гориво од ракета на SpaceX која неодамна беше лансирана од Флорида.
Ракетата „Falcon 9“ на SpaceX беше лансирана од вселенската база во Калифорнија, а сличен феномен беше забележан и во саботата при лансирањето на друга ракета.