ПРВ.мк
Балкан

(ФОТО) ДАЛИ ЗНАЕТЕ ШТО ЗНАЧИ ОВАЈ ЗНАК? Во Македонија е реткост, но во оваа земја каде македонците масовно патуваат, може да добиете ВИСОКА КАЗНА!

(ФОТО) ДАЛИ ЗНАЕТЕ ШТО ЗНАЧИ ОВАЈ ЗНАК? Во Македонија е реткост, но во оваа земја каде македонците масовно патуваат, може да добиете ВИСОКА КАЗНА!
Kristal

Мислите дека ги знаете сообраќајните правила? Поради еден скоро заборавен знак, вашиот шопинг или краток одмор во градот може лесно да се претвори во вистинска ноќна мора! И додека на македонските улици овој знак ретко се среќава, казните за негово непочитување се високи.

Станува збор за знак за наизменично паркирање, кој забранува оставување возило на одредена страна од улицата во парни или непарни денови од месецот.

  • Ако на сообраќајниот знак има две вертикални линии, тоа значи дека паркирањето на таа страна е забрането во парни денови.
  • Ако има една вертикална линија, забраната важи за непарни денови.

Иако е дефиниран во Законот за безбедност во сообраќајот, на македонските улици овој знак се гледа многу ретко, особено во поголемите градови, но се уште може да се најде во помали места или на улици со ограничен простор.

Зошто е важен? На многу улици со ограничена ширина не е можно да се паркира од двете страни, па се воведува редоследно паркирање за одредени денови.

Казна за прекршок За непочитување на овој знак следува казна според законските одредби за неправилно паркирање. Во Македонија казната обично изнесува 40 евра, а регистарските таблици не се одземаат.

Во Грција знакoт е многу застапен

Она што во Македонија е реткост, во странство е честа појава. Како што нагласува Раич, овој знак е особено застапен во Грција.

  • „Тоа што кај нас го нема толку често, не значи дека е така и во други земји. Во Грција го има навистина многу“
SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo