ПРВ.мк
Балкан

ВОЈНАТА СÈ ПОБЛИЗУ ДО БАЛКАНОТ?! Грција испраќа РАКЕТЕН СИСТЕМ „PATRIOT“ и борбени авиони F-16 во Бугарија!

ВОЈНАТА СÈ ПОБЛИЗУ ДО БАЛКАНОТ?! Грција испраќа РАКЕТЕН СИСТЕМ „PATRIOT“ и борбени авиони F-16 во Бугарија!
Kristal

Грчкиот министер за одбрана, Никос Дендиас, денеска изјави дека во наредните часови ќе биде префрлена една батареја со ракети Patriot во северниот дел на Грција, заради противракетна одбрана на голем дел од бугарската територија, пренесуваат грчките медиуми.

Дендиас додаде дека на состанокот на Советот за национална одбрана било одлучено и на северните аеродроми на Грција да бидат префрлени два авиони F-16, со исклучива задача да ѝ обезбедат дополнителна воздушна заштита на Бугарија, пренесува „Катимерини“.

Покрај тоа, во Оперативниот центар на бугарските вооружени сили во Софија ќе бидат испратени два високи офицери од грчкото воздухопловство.

– „Вчера и денес бев во контакт со бугарскиот министер за одбрана, Атанас Заприанов. По вчерашниот барање од бугарската страна, денес го информирав министерот дека Грција ќе обезбеди средства и персонал за заштита на Бугарија“, изјави Дендиас.

Тој додаде дека овие мерки се преземени по барање на Бугарија, членка на НАТО и Европската унија, и дека тоа нема да влијае на антибалистичката заштита на грчката територија.

Дендиас најави дека следната недела, на покана на бугарскиот колега, ќе ја посети Софија.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape