ПРВ.мк
Балкан

Таен документ ги вознемири вработените: Во Србија се појави план што се активира само во случај на војна!

Таен документ ги вознемири вработените: Во Србија се појави план што се активира само во случај на војна!
Kristal

Во Србија се појави документ кој предизвика големо внимание, откако дел од вработените во државната компанија „Инфраструктура железнице Србије“ добиле решенија со конкретни задачи што би ги извршувале доколку се прогласи воена или вонредна состојба.

Според информации до кои дошол порталот Нова.рс, документите биле подготвени на 13 февруари, а официјално потпишани на 4 март. Во нив детално се наведува како ќе бидат распоредени одредени работници во случај на кризна состојба во државата.

Решението содржи неколку точки. Во првата се наведуваат личните податоци на вработениот, како и неговото ниво на квалификација. Втората точка го определува работното место на кое лицето ќе биде распоредено од моментот кога ќе биде прогласена воена или вонредна состојба, па сè до нејзиното завршување.

Третиот дел се однесува на платата што работникот би ја добивал во тој период, додека во четвртата точка се наведува дека документот стапува на сила само ако државата официјално прогласи таква состојба.

Во образложението се наведува дека решенијата се донесени врз основа на одлука за воена организација и систематизација на работните места во компанијата, усвоена на крајот на 2024 година, како и дополнителен план од 2025 година.

Во документот се повикува и на Законот за одбрана, според кој во случај на воена или вонредна состојба може да се воведе работна обврска во државните институции и компании. Дополнително се нагласува дека вработените се должни да одговорат на повик од надлежните центри на Министерството за одбрана.

Доколку некој не постапи според решението во таква ситуација, може да му биде прекинат работниот однос.

Од компанијата не дале официјален одговор на прашањата зошто токму сега се испраќаат вакви документи и дали постои реална опасност од прогласување воена или вонредна состојба. Поранешни вработени, пак, тврдат дека слични решенија постоеле и претходно, но дека не ги добивале сите работници.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo