ПРВ.мк

Европската комисија ја тужи Бугарија!

Европската комисија ја тужи Бугарија!
Jumbo Banner

Одлучката да ја тужи европската членка пред Судот на правдата на Европската Унија поради несоодветно усогласување на националното законодавство со Директивата за право на пристап до адвокат и за комуникација по апсењето, пренесе „Независен“.

Во одлуката ЕК посочува дека во јануари 2017 година покренала прекршочна постапка против Бугарија поради нецелосно спроведување на Директивата, по што Софија презела мерки за целосно усогласување.

Меѓутоа по разгледување на мерките, Комисијата заклучила дека Бугарија неправилно се усогласила со одредби од Директивата за ефективно учество на адвокат за време на сослушување на приведени лица, како и со правилата за отстапувања од правото на бранител во интерес на истрагата.

Директивата за право на пристап до адвокат и за комуникација по апсењето е една од шесте директиви што ја сочинуваат правната рамка на ЕУ за заеднички минимални стандарди за фер судења, со кои се обезбедува дека правата на осомничените и обвинетите лица се гарантирани во доволна мерка.

Оваа Директива има за цел да ја зајакне довербата на земјите членки во меѓусебните системи за кривична правда и на тој начин го олеснува меѓусебното признавање на одлуките во кривичните предмети.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран