ПРВ.мк
Балкан

По само два дена работа останала во шок: „Не можев да поверувам што видов“

По само два дена работа останала во шок: „Не можев да поверувам што видов“

Младата Загрепчанка Јана Јаниќ ова лето решила да работи како собарка во хотел во Бол на островот Брач, но само по два дена работа признала дека реалноста е многу поинаква од она што го очекувала.

Во видео објавено на социјалните мрежи, Јана изјави дека останала изненадена од состојбата во која некои гости ги оставаат хотелските соби.

„Искуството како собарка? Некои гости се навистина неодговорни“, порача таа, повикувајќи ги и другите сезонски работници да ги споделат своите искуства.

Нејзината објава брзо стана вирална, а под неа се појавија десетици коментари од луѓе кои работеле во хотели, апартмани и туристички објекти.

Дел од корисниците сметаа дека Јана прерано донела заклучоци, посочувајќи дека по само два дена работа сè уште не ги искусила најтешките ситуации.

Од друга страна, многумина ја поддржаа и раскажаа со какви сцени се соочувале во текот на сезонската работа. Некои споменаа расфрлана облека, искористени кондоми, повраќаници, нечистотија и целосно уништени соби, додека други опишаа уште поневообичаени ситуации што ги затекнале при чистењето.

Сепак, имаше и позитивни искуства. Некои поранешни собарки велат дека најголемиот дел од гостите биле коректни, а добрите бакшиши и убавите спомени им ја направиле сезонската работа вредно искуство.

Објавата на Јана повторно ја отвори дебатата за условите во кои работат сезонските работници, но и за односот на дел од туристите кон сместувањето што го користат.