ПРВ.мк
Балкан

ЈА ПОЛЕА СО ЈОГУРТ ПРЕД СОБРАНИЕТО, ПА ОБЈАСНИ ЗОШТО: Лидија Вукиќевиќ и напаѓачката со различни верзии за инцидентот

ЈА ПОЛЕА СО ЈОГУРТ ПРЕД СОБРАНИЕТО, ПА ОБЈАСНИ ЗОШТО: Лидија Вукиќевиќ и напаѓачката со различни верзии за инцидентот

Марија Радовановиќ, поранешна секретарка на Медицинскиот факултет во Белград, јавно проговори за инцидентот во кој со јогурт ја полеа познатата српска актерка и новоизбрана пратеничка на Српската напредна партија, Лидија Вукиќевиќ.

Инцидентот се случи на 17 ноември, пред влезот на Народното собрание на Србија, а Радовановиќ во изјава за весникот „Данас“ објасни зошто го направила тоа.

„Не го направив тоа заради перформанс, туку едноставно во моментот реагирав на сè што се случуваше досега“, изјави Радовановиќ.

Таа тврди дека јогуртот го носела со себе за појадок и дека не планирала однапред да ја нападне актерката.

Како причина за својата реакција го наведе незадоволството од постапките на актуелната власт, вклучително и нејзините критики за одговорноста за трагедијата во Нови Сад.

Радовановиќ дури иронично прокоментирала дека јогуртот е полн со протеини и може да биде корисен за косата.

Сепак, истакнала дека е подготвена да ги прифати последиците од својата постапка.

Од друга страна, Лидија Вукиќевиќ изнесе поинаква верзија на настанот, тврдејќи дека пред да биде полеана со јогурт, демонстранти ја влечеле и ја кубеле за коса. Радовановиќ ги негира овие тврдења.

По инцидентот реагираше и организацијата „Пиштаљка“, чии адвокати претходно ја застапувале Радовановиќ во постапка поврзана со пријавување неправилности.

Организацијата соопшти дека ѝ го откажува полномошното, оценувајќи го нападот врз пратеничката како недозволив.

Инцидентот го осудија и студентите во блокада на Медицинскиот факултет во Белград, кои повикаа на мирно и достоинствено однесување, без оглед на политичката припадност.

Настанот предизвика бројни реакции во српската јавност, додека двете страни остануваат на различни тврдења за околностите на инцидентот.