ПРВ.мк
Балкан

Чудо по 23 години чекање: Малата Богдана го прослави првиот роденден!

Чудо по 23 години чекање: Малата Богдана го прослави првиот роденден!
Kristal

Малата Богдана го прослави својот прв роденден, а емотивната приказна на нејзините родители Соња и Марко го трогна целиот регион.

Тие за првпат станаа родители минатата година, по долги 23 години борба да добијат потомство. Соња (57) и Марко (69) зад себе имаат бројни обиди и години исполнети со надеж и исчекување.

Кога веќе помислиле дека нивниот најголем сон можеби нема да се оствари, животот им приредил изненадување – се родила нивната ќерка Богдана.

Раѓањето на девојчето за семејството од Грбавци, во близина на Подгорица, претставувало исполнување на најголемата животна желба. Нејзиниот прв роденден бил прославен во кругот на најблиските, во топла и семејна атмосфера, исполнета со радост и љубов.

Родителите велат дека Богдана е нивното најголемо богатство и доказ дека надежта никогаш не треба да се губи.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo