Во Нови Сад, пред просториите на Српската напредна партија (СНС) на Булеварот на ослободувањето, избувна жесток конфликт меѓу поддржувачи на партијата и група граѓани. Инцидентот ескалираше кога едно лице, за кое подоцна беше откриено дека е припадник на српската армија, извади пиштол и испука куршум во воздух.
Ситуацијата започнала кога граѓаните се приближиле до задниот влез на просториите на СНС, по што дошло до вербални и физички судири со присутните симпатизери на партијата. Во еден момент, пукањето предизвикало паника, па дел од луѓето побегнале, додека други гласно предупредувале дека некој вооружен е меѓу нив.
Набргу пристигнал кордон на жандармеријата, кој ги разделил двете групи и ја стабилизирал ситуацијата. Снимките од инцидентот, објавени од телевизијата Н1, јасно го прикажуваат моментот на хаос и реакцијата на присутните.
Министерот за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, изјави дека вооруженото лице е офицер на српската армија и дека во моментот на инцидентот бил „на службена задача“ за обезбедување на заштитено лице. Ова објаснување, сепак, предизвика дополнителни реакции и прашања во јавноста за начинот на кој бил изведен овој безбедносен ангажман.
ВИДЕО