ПРВ.мк

Балканот повторно се тресеше, регистриран нов земјотрес

Балканот повторно се тресеше, регистриран нов земјотрес
Jumbo Banner

Земјотрес со јачина од 3,5 степени го погоди подрачјето на Бугарија

Во петокот, на 25 април 2025 година, во 09:43 часот, е регистриран земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала на територијата на Бугарија.

Според достапните информации, епицентарот на потресот бил лоциран на околу 28 километри источно од Поморие, во близина на познатото туристичко место Несебар.

Како што пренесува Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, хипоцентарот се наоѓал на длабочина од приближно 15 километри под површината на земјата.

„Добро затресе“, „Се слушна гласно тресење“, сведочат граѓани од регионот, кои го почувствувале потресот.

За среќа, засега нема пријави за материјални штети, а надлежните служби внимателно ја следат состојбата.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран