ПРВ.мк

Авион принудно слета на аеродромот во Солун

Авион принудно слета на аеродромот во Солун
Jumbo Banner

Сериозен инцидент го принуди авионот на рутата Единбург–Ларнака да изврши итно слетување на аеродромот „Македонија“ во Солун, откако 38-годишен патник од Кипар предизвика нарушување на редот на летот.

Инцидентот се случил за време на летот, кога патникот одбил да ги следи упатствата на капетанот и екипажот, при што вербално нападнал и член на екипажот, како и друг патник. Ситуацијата предизвикала сериозна вознемиреност меѓу патниците, што го натерало капетанот да донесе одлука за итно приземјување.

По безбедното слетување во Солун, на пистата веќе ги очекувала полицијата од аеродромската служба, која веднаш го привела нарушителот. Против него е поднесена кривична пријава за нарушување на јавниот ред и мир и за непочитување на наредбите на авионскиот персонал.

Летот продолжил по нормала откако ситуацијата била стабилизирана.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран