ПРВ.мк

Американците одобрија: Држава на Балканот купува хеликоптери од САД за 100 милиони долари

Американците одобрија: Држава на Балканот купува хеликоптери од САД за 100 милиони долари
Vero

САД ја одобрија продажбата на хеликоптери на Босна и Херцеговина

Агенцијата за одбранбена безбедносна соработка при Стејт департментот го извести Конгресот за можната продажба на хеликоптери AW-119Kx на Босна и Херцеговина, со што е издаден потребниот сертификат за трансакцијата, објави американската влада.

Покрај леталата, пакетот вклучува обука и квалификација на пилоти, техничка и логистичка поддршка, специјализирана опрема за поддршка на авијацијата, како и присуство на претставници од американската влада и изведувачи на терен во Босна и Херцеговина во наредните пет години.

Како што се наведува во соопштението, продажбата ќе ги зајакне одбранбените капацитети на Оружените сили на Босна и Херцеговина (ОСБиХ), ќе овозможи подобра поддршка при хуманитарни мисии, спасувања и природни катастрофи, како и учество во регионални и НАТО вежби.

Стејт департментот нагласува дека оваа одлука е во согласност со надворешнополитичките и безбедносните интереси на САД и претставува поддршка за стабилноста и економскиот напредок на Европа.

Претходно, министерот за одбрана на БиХ најави дека земјата планира набавка на пет нови хеликоптери од Соединетите Американски Држави.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран