ПРВ.мк
Балкан

СЕЌАВАЊЕ И ПОЧИТ: Три години од трагедијата што го потресе регионот - но до каде е правдата?

СЕЌАВАЊЕ И ПОЧИТ: Три години од трагедијата што го потресе регионот - но до каде е правдата?

Третата годишнина од масовното убиство во белградското основно училиште Основно училиште „Владислав Рибникар“ денеска се одбележува со комеморации и оддавање почит за жртвите.

На 3 мај 2023 година, во трагедијата беа убиени девет ученици и еден училишен чувар, а повеќе лица беа повредени. Денес, државни претставници, меѓу кои и српскиот премиер Ѓуро Мацут, положија почит во спомен на загинатите.

Бидејќи сторителот во моментот на нападот бил помлад од 14 години, според српскиот закон не може кривично да одговара, додека правната постапка се води против неговите родители.

Ден по оваа трагедија, на 4 мај 2023 година, следуваше уште едно масовно убиство во селата Мало Орашје и Дубона кај Младеновац, што дополнително ја потресе Србија.

Поради овие трагични настани, 3 и 4 мај во Србија се одбележуваат како Денови на сеќавање на жртвите на масовните убиства, додека во училиштата се организира Недела на сеќавање и единство.