ПРВ.мк
Балкан

(ВИДЕО) Белград под опсада: Молотови коктели, експлозии и паника меѓу гости!

(ВИДЕО) Белград под опсада: Молотови коктели, експлозии и паника меѓу гости!
Escape

Во српската престолнина Белград се одвива вистинска улична војна – низа напади со молотови коктели, рачни гранати и запаливи направи ја потресуваат градската угостителска сцена. Во текот на летото, познати ресторани и кафе-барови станаа цел на вознемирувачки и опасни напади, што создадоа чувство на несигурност меѓу граѓаните и посетителите.

Сцените се како од криминален филм: мажи облечени во црно, со капи и маски, се појавуваат во мртва тишина – ги кршат прозорците, фрлаат шишиња со запаллива течност, а потоа бегаат на моторцикли. Среќа во несреќа – нема човечки жртви, но материјалната штета е сериозна, а многумина се во шок.

Последниот напад се случил околу 4 часот наутро, кога молотов коктел бил фрлен врз кафе-бар во центарот на Белград. Од ударот била оштетена зградата, а локалот делумно уништен. Според информациите, ова е најновиот во серија од најмалку пет инциденти низ градот само во последните неколку недели.

Првиот пожар што внесе страв: „Старо Ужице“ – 29 април

Сè започнало пролетва, кога во ресторанот „Старо Ужице“ било фрлено запаливо средство низ прозорец. Еден келнер бил повреден, откако вдишал чад, но за среќа без посериозни последици. Веќе наредниот ден, рачна граната ја погодила фасадата на друг ресторан во центарот – немало гости, но штетата била значителна.

Набргу по тоа, ресторани во елитниот кварт Врачар станале мета – биле фрлани запалени факели, при што еден сопственик добил изгореници, а 19-годишен напаѓач бил уапсен.

Некои од нападите се случуваат и среде гости

Највознемирувачко: не се напаѓаат само празни локали. Пред три недели, кафетерија во центарот на Врачар била нападната додека била полна со гости. Млади мажи со запалени факели влегле, предизвикувајќи паника и бегство. Сопственикот бил повреден, а двајца осомничени се приведени, додека третиот е во бегство.

Кој стои зад нападите? Порака од подземјето?

Според безбедносни експерти, нападите не се случајни. Како што објаснува поранешниот функционер на криминалистичката полиција, Дејан Раденковиќ, ова се најчесто пораки или закани, најверојатно од организирани криминални структури.

„Можеби станува збор за прераспределба на пазарот, борба за територија, или рекетирање. Напаѓачите често се млади и ангажирани за ситни суми, без целосно да ја разбираат сериозноста на делото“, вели Раденковиќ.

Според него, молотовите коктели се лесни за изработка, и токму затоа се омилен метод во вакви „операции“. Обичен бензин, крпа и шише – доволни за страв, штета и порака.

🔥 Белград во страв – угостителскиот сектор под закана

Граѓаните сè почесто прашуваат: „Кој е следен?“ Угостителите се соочуваат со штети, страв и неизвесност, додека јавноста бара одговорност и итна реакција од институциите. Засега, мотивите се само претпоставки, но едно е сигурно – сцените од белградските улици ова лето изгледаат како од крими-драма, а не од европска метропола.

ВИДЕО

Mia Home Mavrovo