ПРВ.мк
Топ Вести

ТРАМП СО ШОКАНТНА ЗАКАНА: Имате 48 часа да го отворите Ормускиот теснец - во спротивно ова ќе се случи!

ТРАМП СО ШОКАНТНА ЗАКАНА: Имате 48 часа да го отворите Ормускиот теснец - во спротивно ова ќе се случи!
Kristal

Американскиот претседател, Доналд Трамп, испрати жестока порака до Техеран, заканувајќи се дека САД ќе ги нападнат и уништат иранските електрани доколку Ормутскиот теснец не биде целосно отворен во рок од 48 часа. Овој ултиматум доаѓа само ден откако Трамп најави „смирување“ на конфликтот, што ја нагласува наглата ескалација на тензиите.

Тензиите околу теснецот веќе влијаат глобално – поморскиот сообраќај е значително намален, а цените на нафтата и течниот природен гас во Европа пораснаа за до 35 проценти. Ормутскиот теснец е критична енергетска рута преку која минува околу една петтина од светските резерви на нафта и гас.

Во меѓувреме, конфликтот влезе во нова фаза. Израелската армија соопшти дека Иран употребил балистички ракети со долг дострел, кои може да стигнат до американско-британската база Диего Гарсија, но и до европски престолнини како Берлин, Париз и Рим.

Расте бројот на жртви: повеќе од 2.000 лица загинале во Иран од почетокот на нападите од САД и Израел, додека во Израел се пријавени најмалку 15 жртви од ирански ракетни напади. Во последниот бран напади, иранските ракети погодиле Арад и Димона, повредувајќи најмалку 180 лица, меѓу кои и деца, а повеќето се хоспитализирани.

Иранската револуционерна гарда тврди дека нападите биле насочени кон воени и безбедносни цели. Израелската противвоздушна одбрана успеала да пресретне дел од ракетите, но не сите, а во близина на Димона се наоѓа нуклеарен објект и голема воздухопловна база.

Иран, од своја страна, предупреди дека секој напад врз неговата енергетска инфраструктура би имал последици за целиот регион, потенцирајќи дека преку ракети може да погоди клучни електрани по должината на Персискиот Залив.

Оваа нова рунда закани и напади ја вклучува и пошироката регија – Саудиска Арабија протера ирански дипломати, додека Израел извршува напади врз Хезболах во Либан и цивилни објекти во Иран. Конфликтот продолжува да се шири, со ризик од сериозна регионална дестабилизација.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape