ПРВ.мк
Топ Вести

ПЛАНИРАЈТЕ ПРАЗНИЦИ: 2026 ќе донесе многу продолжени викенди - објавен е календарот!

ПЛАНИРАЈТЕ ПРАЗНИЦИ: 2026 ќе донесе многу продолжени викенди - објавен е календарот!
Kristal

Во 2026 година, граѓаните на Република Северна Македонија ќе имаат вкупно 7 продолжени викенди, додека граѓаните од православна вероисповед ќе имаат дополнително уште 3, односно вкупно 10 продолжени викенди. Еве комплетниот календар по категории:

За сите граѓани на РСМ

  • 1 јануари (четврток) – Нова Година
  • 7 јануари (среда) – Божик (првиот ден на православниот Божик)
  • 20 март (петок) – Рамазан Бајрам (првиот ден)
  • 13 април (понеделник) – Велигден (вториот ден)
  • 1 мај (петок) – Ден на трудот
  • 24 мај (недела) – „Св. Кирил и Методиј“, неработен ден 25 мај (понеделник)
  • 2 август (недела) – Ден на Републиката, неработен ден 3 август (понеделник)
  • 8 септември (вторник) – Ден на независноста
  • 11 октомври (недела) – Ден на народното востание, неработен ден 12 октомври (понеделник)
  • 23 октомври (петок) – Ден на македонската револуционерна борба
  • 8 декември (вторник) – „Св. Климент Охридски“

За граѓаните од православна вероисповед

  • 6 јануари (вторник) – Бадник
  • 19 јануари (понеделник) – Богојавление (Водици)
  • 10 април (петок) – Велики Петок
  • 29 мај (петок) – Духовден
  • 28 август (петок) – Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)

За граѓаните од католичка вероисповед

  • 6 април (понеделник) – Велигден (вториот ден)
  • 1 ноември (недела) – Празникот на сите светци
  • 25 декември (петок) – Божик (првиот ден)

За граѓаните од муслиманска вероисповед

  • 27 мај (среда) – Курбан Бајрам (првиот ден)

За граѓаните од албанската заедница

  • 22 ноември (недела) – Ден на албанската азбука

За граѓаните од српската заедница

  • 27 јануари (вторник) – Свети Сава

За граѓаните од ромската заедница

  • 8 април (среда) – Меѓународен ден на Ромите

За граѓаните од влашката заедница

  • 23 мај (сабота) – Национален ден на Власите

За граѓаните од еврејската заедница

  • 21 септември (понеделник) – Јом Кипур (првиот ден)

За граѓаните од бошњачката заедница

  • 28 септември (понеделник) – Меѓународен ден на Бошњаците

За граѓаните од турската заедница

  • 21 декември (понеделник) – Ден на наставата на турски јазик
FixCredit
Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape