По напад врз воен центар во областа Кокал, во провинцијата Кибер-Пахтунхва, како и врз друг нуклеарен објект, има стотици загинати, а ранетите се транспортирани во болниците во Исламабад, се наведува во објава на платформата Икс.
Претходно, Кабул соопшти дека авганистанските воздухопловни сили нападнале воен камп и армиски кантон во Ношера, како и базата Џамруд.
Според портпаролот на пакистанската армија, Ахмед Шариф Чаудри, во нападите од страна на Авганистан загинале најмалку 12 пакистански војници, а 27 биле повредени. Тој додал дека 274 талибански борци се убиени, 400 се ранети, како и дека се уништени 115 тенкови, оклопни транспортери и артилериски орудија, пренесува Al Jazeera.
Пакистански воени извори наведуваат дека биле погодени цели на 22 локации низ Авганистан. Претходно, талибанската влада соопшти дека осум нивни борци загинале, а 11 биле ранети.
Pakistan Television Corporation објави дека пакистанската армија зазела неколку позиции на територијата на непријателот и дека „слави решителна победа“.
Минатата недела Пакистан изврши воздушни напади во неколку авганистански провинции, при што, според талибанците, биле убиени и повредени десетици цивили. Во текот на ноќта талибанските сили спровеле одмаздничка операција долж линијата Дуранд, а потоа започнале нова акција. Пакистанските сили возвратиле со напади врз Кабул, Кандахар и Пактија. Двете страни пријавуваат стотици воени жртви.
Односите меѓу двете земји се влошија во октомври минатата година по серија напади во Пакистан, за кои властите ја обвинија групата Tehrik-i-Taliban Pakistan. Во Кабул ги отфрлаат обвинувањата дека борците на ова движење се на авганистанска територија и тврдат дека справувањето со нив е внатрешно прашање на Пакистан.
По размена на удари во текот на една недела, со посредство на Катар и Турција бил постигнат договор за прекин на огнот, кој во меѓувреме е доведен во прашање по најновата ескалација.


















