ПРВ.мк
Црна Хроника

Правдата се приближува - ова е затворот во кој што е серискиот убиец од Старо Нагоричане!

Правдата се приближува - ова е затворот во кој што е серискиот убиец од Старо Нагоричане!
Kristal

Дваесет и петгодишниот Т. Б., осомничен за убиството во општина Старо Нагоричане, е сместен во Казнено-поправната установа Куманово (К‘шање). Тој е под мерка притвор од 30 дена, определена од судија на претходна постапка. По приемот во затворот, му е извршен лекарски преглед, а неговата здравствена состојба е добра.

Основното јавно обвинителство Куманово информира дека сите надлежни институции преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. Осомничениот ќе биде подложен и на психијатриска процена од експертски тим од Клиниката за психијатрија.

Обдукцијата на втората жена за која обвинителството нареди ексхумација минатата недела, потврди насилна смрт, исто како и кај првата жртва од село Челопек. Примероците за ДНК анализи се земени, а истрагата продолжува за да се утврди дали двете убиства се извршени од истиот сторител.

Според полицијата, Т. Б. на 12 февруари влегол во домот на 78-годишната М.С. во село Драгоманце, физички ја нападнал и ја задушил со перница. Тој има и претходни пријави за две тешки кражби и една кражба на товарно возило, а не бил корисник на никакви права од Центарот за социјални работи Куманово.

Истрагата е во тек, а јавноста ќе биде информирана за понатамошните резултати по завршувањето на сите процедури.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo