Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) соопшти дека се исплатени 338.468.141 денар на 9.567 овоштари.
Исплатата е реализирана во рамки на Мерката 1.6 – директни плаќања од обработлива површина за одржување на постојни овошни насади, со цел обезбедување континуирана поддршка за одржување и унапредување на овоштарското производство.
„Продолжуваме посветено да ги поддржуваме вистинските земјоделци и да придонесуваме кон одржлив и конкурентен развој на македонското земјоделство“, наведуваат од Министерството.

















