Каменот тежи на своето место, ни треба секој родум од Македонија. Премиерот ги повика исселениците да се вратат во својот роден крај.
На владиниот форум кој се одржа во владата, тој со порака до повратниците - каде и да одите колку и да сте успешни таму секогаш ќе бидете дојденци.
Причините за заминување се објективни. Но, како влада работиме на подобри услови за живот, стабилност како и правна сигурност. Но, мора сите заедно да се бориме како што рече Мицковски и против талогот - кој ни прави притисок да ја напуштиме земјата.
На форумот повратниците со своја приказна зошто одлучиле да се вратам во Македонија. Ана Дуковска од Охрид заминала во САД во 2007 година.
Имаше и такви кои не дошле - туку во Македонија го препознале својот дом. Мицковски кажа дека како Влада ќе сторат се и со нови законски решенија да има повеќе повратници во земјава.
Сподели податок во кој статистички оваа 2025 година споредбено со изминативе десетина година, имало поголем број повратници, а помал број на луѓе кои се откажале од македонските државјанства.
















