ПРВ.мк
Македонија

НЕВЕРОЈАТЕН ГЕСТ: Другарите на Адријан Живков, загинат во Пулс, формираа фондација - еве колку дечиња израдуваа!

НЕВЕРОЈАТЕН ГЕСТ: Другарите на Адријан Живков, загинат во Пулс, формираа фондација - еве колку дечиња израдуваа!
Kristal

Денес, во чест на роденденот на Адријан Живков, Фондацијата што го носи неговото име реализираше хуманитарна донација за децата на територијата на Општина Чешиново-Облешево. Вкупно беа поделени 500 пакетчиња во основните училишта и градинки во општината, меѓу кои:

  • ОУ „Страшо Пинџур“ – Соколарци
  • ПУ „Страшо Пинџур“ – Чешиново
  • Градинка „Ѕвездички“ – Чешиново
  • ПУ „Страшо Пинџур“ – Уларци
  • ПУ „Страшо Пинџур“ – Спанчево
  • ОУ „Климент Охридски“ – Облешево
  • ПУ „Климент Охридски“ – Бања
  • ПУ „Климент Охридски“ – Кучичино
  • ПУ „Климент Охридски“ – Теранци
  • ПУ „Климент Охридски“ – Чифлик
  • Градинка „Ѕвездички“ – Облешево
  • Градинка „Штркче“ – Спанчево

Адријан Живков беше едно од трагично загинатите лица во дискотеката „Пулс“, во најголемата трагедија што ја погоди Македонија, во која животот го загубија 63 лица. Во тие моменти, тој храбро се обиде да спаси што е можно повеќе животи, жртвувајќи го својот сопствен.

Во чест на неговата храброст, човечност и пожртвуваност, беше основана Фондацијата „Адријан Живков“, чија мисија е да пружи поддршка и помош на сите на кои им е потребна, водена од вредностите што тој ги остави како наследство – солидарност, емпатија и несебичност.

Фондацијата најавува дека ќе продолжи активно да работи во иднина, реализирајќи нови донации и хуманитарни активности, со цел да носи помош и надеж таму каде што е најпотребно.

FixCredit
Escape