ПРВ.мк
Топ Вести

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ: Скопје утре под посебен режим – возачите да ги избегнат овие улици!

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ: Скопје утре под посебен режим – возачите да ги избегнат овие улици!
Kristal

Министерство за внатрешни работи информира дека денеска во Skopje ќе има посебен режим на сообраќај поради одржување на атлетска улична трка.

Настанот ќе се одржи во периодот од 07:30 до 11:30 часот, со старт и цел на булеварот „Јане Сандански“.

Трасата на движење ќе опфати повеќе сообраќајници:

  • дел од бул. „Јане Сандански“ (од крстосницата со бул. „Србија“ и бул. „Видео Смилевски Бато“ до ул. „Владимир Комаров“)
  • дел од ул. „Васко Карангелевски“ (од бул. „Јане Сандански“ до бул. „АСНОМ“)
  • дел од бул. „АСНОМ“ (од бул. „Киро Глигоров“ и бул. „Србија“ до ул. „Васко Карангелевски“)

Од МВР најавуваат дека Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за регулирање на движењето, при што сообраќајот ќе биде пренасочуван по околните улици.

Се апелира до граѓаните да ги почитуваат насоките и наредбите на полициските службеници за да се обезбеди безбедно и непречено одвивање на настанот.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo