ПРВ.мк
Топ Вести

ДОБРА ВЕСТ ЗА СЕМЕЈСТВАТА: Почна исплатата на образовниот додаток - проверете си ги сметките!

ДОБРА ВЕСТ ЗА СЕМЕЈСТВАТА: Почна исплатата на образовниот додаток - проверете си ги сметките!
Kristal

Министерство за социјална политика, демографија и млади ги известува граѓаните дека е во тек исплатата на образовниот додаток за вториот мерен период од учебната 2025/2026 година.

Станува збор за редовна финансиска поддршка што се реализира во четири мерни периоди во текот на учебната година. Според утврдениот календар, исплатата се одвива по следниот распоред:

– за првиот мерен период исплатата се врши во декември во тековната календарска година; – за вториот мерен период средствата се исплаќаат во февруари во наредната календарска година; – за третиот мерен период исплатата се реализира во мај во тековната календарска година; – за четвртиот мерен период исплатата се врши во јули во тековната календарска година.

Со оваа динамика се овозможува континуирана поддршка за корисниците во текот на целата учебна година, согласно предвидените мерни периоди.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo