ПРВ.мк
Топ Вести

ЈАВНИ ГРАДИНКИ СО ПОСКАПИ УСЛУГИ: Семејствата од денес ќе плаќаат повеќе - ова е новата цена!

ЈАВНИ ГРАДИНКИ СО ПОСКАПИ УСЛУГИ: Семејствата од денес ќе плаќаат повеќе - ова е новата цена!
Kristal

Од февруари, месечниот надоместок за престој на децата во ОЈУДГ „Димче Мирчев“ во Велес се зголемува од 1.490 на 1.990 денари. Одлуката ја донесе Советот на Општина Велес со 16 гласа „за“ од ВМРО-ДПМНЕ, три „против“ од СДСМ и еден воздржан од Левица.

Директорката на градинката, Наташа Јанушева, објасни дека новата цена е предложена од Управниот одбор и дека секоја година понатаму висината на надоместокот ќе се усогласува со трошоците за живот и со просечната плата на вработените во државата, при што сумата ќе се усвојува од Советот.

Јанушева потенцираше дека последната одлука за цена е од 2004 година и дека поскапувањето всушност е усогласување со економските услови и растот на трошоците за живот:

  • За две децении просечната плата пораснала за 278 проценти.
  • Во 2004 година, родителот одвојувал 12,12% од една плата, а во 2025 година тоа е 4,33% од просечна плата.
  • Само во 2024 година, од партиципацијата на родителите имало прилив од 14 милиони денари, од кои 10 милиони се потрошени за храна.

Опозициските советници изразија критики за начинот на пресметка на покачувањето, барајќи објаснување за методологијата и за тоа како ќе се трошат средствата. Советничката Мирјана Петрушевска-Савова (СДСМ) истакна дека нема јасност дали се пресметани потребите за боички, спортски активности, театар и други дополнителни услуги.

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ го оправдаа покачувањето, потенцирајќи дека цената од 1.490 денари во 2004 година вредела многу повеќе и можела да покрие повеќе услуги за градинката.

Директорката Јанушева додаде дека за 15 деца од ромската популација и за сите деца со самохран родител надоместокот се плаќа од Министерството за труд и социјала или од Општина Велес.

Новиот надоместок од 1.990 денари ќе важи од февруари 2026 година.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape