ПРВ.мк
Црна Хроника

ГОСТИВАР ПОД ЛУПА: Откриен угостителски објект во кои се вршеле криминални дејствија - еве што се заплени полицијата!

ГОСТИВАР ПОД ЛУПА: Откриен угостителски објект во кои се вршеле криминални дејствија - еве што се заплени полицијата!
Kristal

На 31 јануари 2026, во периодот од 19:30 до 22:45 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар извршија претрес во угостителски објект во село Чегране, сопственост на Ш.Ш. (51), по претходно добиени оперативни сознанија и судска наредба.

При претресот, кај М.Х. (23) биле пронајдени и одземени шест паковки со кокаин, додека во помошна просторија на објектот бил пронајден гасен пиштол, а во фиока од комода – прашкаста материја и пари.

Во врска со кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, казниво по член 215 од Кривичниот законик, од слобода се лишени Ш.Ш. и М.Х., како и Ф.Ш. (53) од с. Чегране и 17-годишна малолетничка од с. Волковија.

По завршување на документцијата и комплетирање на доказите, за случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, при што инцидентот ја потврдува активната акција на полицијата во борбата против нелегалната трговија со наркотични средства.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape